Што е Podcasts.mk?

Првиот целосно автоматизиран поткаст агрегатор на содржини од македонски креатори. Поврзуваме 5 различни светски сервиси за дигитални содржини и дозволуваме на македонската публика брзо и лесно да ги најде и поддржи креаторите од Македонија!

Лого на Podcasts.mk

Зошто Podcasts.mk?

Повеќе од 70 поткасти

Слушајте поткасти од широк опсег на категории и теми, за сечиј вкус, во било кое време.

Лесно и брзо барање

Користете интуитивно пребарување за да го најдете вашиот следен омилен домашен поткаст.

Домашни креатори

Директно поддржете ги креаторите и придонесете кон растот на македонската креативна заедница.

Зошто го создадовме Podcasts.mk?

Ние во Блинк сме посветени на промовирање на македонската креативност и иновација, но и на зачувување на македонскиот јазик и модерна култура. Создавањето на Podcasts.mk е директен одговор на потребата за платформа која ги здружува и истакнува македонските креатори, овозможувајќи им на слушателите лесно да ги најдат и поддржат своите омилени домашни таленти. Нашата цел е да креираме заедница кадешто идеите се слушаат, историите се раскажуваат и иновациите се споделуваат, отворајќи врата кон новата ера на дигитална комуникација во Македонија.

Илустрација за Блинк и Podcasts.mk

Наскоро нови функционалности

За корисниците

Можност за креирање на профили, со цел да можете да ги зачувате епизодите кои сте ги гледале и да добивате препораки за нови поткасти, врз база на вашите преференци.

За креаторите

Поврзување со македонски процесори за плаќања, со цел публиката да може директно да ве поддржи доколку сакате да сте дел од оваа програмата.